Пад на акциите на „Волстрит“ поради грчката криза
30.06.2015 13:13
Грчката економија е мала, а инволвираноста на американските компании е скромна, но инвеститорите стравуваат од евентуално нејзино излегување од Еврозоната...

Грчката криза и стравот од излегување од еврозоната и банкрот на јужниот сосед предизвика најголем дневен пад на цаните на акциите на „Волстрит“. Индекстот „Дау џонс“ потона за 350 поени, односно скоро за 2 процента, а „Насдак“ се намали за 2,4.
Грчката економија е мала, а инволвираноста на американските компании е скромна, но инвеститорите стравуваат од евентуално нејзино излегување од Еврозоната и последиците кои засега се непредвидливи.
Сепак, под најголем притисок се американските банки кои поседуваат над 12 милијарди долари грчки обврзници.
