Пораст на бројот на работници во индустријата

30.06.2015 14:29

Во мај годинава во однос на мај лани, се бележи пораст од 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика...

Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. 
 
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 отсто.
 
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2 отсто, Капитални производи за 17,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.
 
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - мај 2015 година, во однос на периодот јануари - мај 2014 година изнесува 102 отсто.