РКЕ: Цената на струјата се намалува за 0,33 проценти

30.06.2015 14:54

Комисијата вчера одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании...

Цената на електричната енергија за крајните корисници од утре се намалува за 0,33 проценти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Комисијата вчера одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании.

Новата одлука за цената на струјата ќе важи од 1 јули годинава.