ЕК го поздрави продолжувањето на разговорите меѓу партиските лидери
нијата има јасен став, политичката криза мора да се реши, и остава лидерите да го прецизираат спроведувањето на препораките на Комисијата, изјави портпаролката на еврокомесарот Хан, Маја Коцијанчич...

Европската Комисија го поздрави продолжувањето на разговорите меѓу лидерите на партиите во Македонија. Унијата има јасен став, политичката криза мора да се реши, и остава лидерите да го прецизираат спроведувањето на препораките на Комисијата, изјави портпаролката на еврокомесарот Хан, Маја Коцијанчич.
„Европската унија има многу јасна позиција, не станува збор само за еврокомесарот, исто така и министрите за надворешни работи дискутираа за состојбата, а тие се од различни политички опции. Ова прашање треба да го гледате пошироко, земјата има јасна европска иднина, но и дека има работи кои треба да се завршат. Приоритет е тековната политичка криза, таа мора да се реши. Оваа порака дојде од повеќе различни страни и важно е дека работите за тоа продолжуваат“, изјави Коцијанчич.
