Поевтинува мобилното „ало“ во регионот
Нови пониски цени на роаминг услугите меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Наместо 67,9 за 50 денари поевтина цена, 17,9 за минута. Најголемо поевтинување има кај интернетот...

На стартот на туристичката сезона цените на роаминг услугите се намалуваат за речиси 73%. Намалувањето почнува да важи од утре.
Мобилното ало кое беше луксуз за користење од странство, сега станува достапно за сите кои патуваат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Поевтинија роаминг услугите. Нови цени од полноќ. За минута разговор 17,9 денари, пониски цени за 70%.
„Секако дека значи, кој не сака да се јави дома кога е на одмор во странство. Добар потег во секој случај. Камо да можеме да зборуваме така со цела Европа... Во секој случај олеснување ќе биде...“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Од АЕК очекуваат мобилните комуникации да се зголемат. За мобилен разговор новата цена ќе биде 17,9 денари плус ДДВ а, за СМС 5,6 денари, до 3,7 до 2017-та кога е предвидено да биде последното намалување на цените. Се намалува и цената на мобилниот интернет.
„Ние правевме анализа, лани кога ја правевме иницијативата. Имаше најголем сообраќај со Република Србија, меѓутоа имаше и значителен сообраќај и со Црна Гора и со Босна и Херцеговина, но тоа беше мал процент и сметавме дека има простор за зголемување на тој сообраќај“, изјави Владимир Ристевски, АЕК.
Агенцијата за електронски комуникации во иднина планира спогодбата за роаминиг да ја прошири и со Албанија и Турција, но и со други земји од регионот.
Дијана Ценевска
