Грција- ЕУ: Пресврт во „минута до 12“?!

30.06.2015 16:29

Европската унија не ја губи надежта за договор со Грција. По синоќешниот разговор на Јункер со Ципрас аналитичарите велат можен е пресврт во „минута до 12“ за да се избегне прогласување банкрот и напуштање на еврото...

Грција има рок до полноќ да исплати 1,6 милијардa евра на ММФ, пред кризата да дојде до точка на вриење, а според последните информации овде во Брисел- договор може да биде постигнат. Портпаролот на Европската Комисија, Маргаритас Шинас на денешната прес- конференција потврди дека председателот на ЕК, Јункер доцна синоќа контактирал со грчкиот премиер Алексис Ципрас и дека на маса бил нов договор од кредиторите.

„Ова ќе бара акција од страна на грчката влада, председателот Јункер тоа го очекува пред полноќ. Одговор сеуште нема, а времето е се пократко. Компонентите на предлогот се истите од минатиот петок, објавени во саботата. Односно на претстојниот референдум грчката влада да се произнесе со ДА за предлогот“, изјави Маргаритас Шинас, портпарол на претседаелот на ЕК, Жан Клод Јункер

„Пакетот на Европските институции и на претседателот на Еврогрупата значат социјален фонд, подршка на најранливите групи, гарантира минумум приходи. Целта е да се кратат трошоците во областите кои нема директно да влијаат на граѓаните, како на пример во одбраната. Ова е многу значаен момент за грчкиот народ и за народот на Европа. Време е грците да се изјаснат за својата судбина за сегашните и идните генерации“, изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Понудата на Јункер во минута до 12 е последен обид да се задржи Грција во Еврозоната и ЕУ. Таа меѓудругото содржи намалување на даноците, на каматните стапки како и продолжување на мориториумот за плаќање на каматите на кредиторите. Во однос на таа понуда грчкиот премиер Ципрас ќе треба писмено да ги извести дали ќе прифати итен состанок со Еврогрупата и министрите за финасиии на еврозоната, со цел да прифати да води позитивна кампања за прифаќање на предлогот на ЕУ на референдумот закажан за на 5-ти јули. Во меѓувреме несигуната ситуција со Грција ја води Европа кон несигурно тло и никој не знае што може да се случи- сметаат експертите.

„Денеска Грција треба да исплати 1,6 милијарди евра на ММФ, што не може реално да се случи. Меѓутоа има толкувања дека тоа не значи автоматски банкрот. Ако на референдумот Грците се изјаснат со НЕ, тогаш ситуацијата драстично ќе се влоши, дури тоагш ќе следи излегување од еврозоната“, смета Славко Вукадин.

Инаку, Грција е членка на ЕУ 35 години.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ