Судот го одобри обвинението за „Пуч“

30.06.2015 16:33

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1, ги отфрлил како несоновани приговорите поднесени од страна на одбраната и донел одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост...

Судот го одобри обвинението за случајот „Пуч“, каде како четвртообвинет се јавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1, ги отфрлил како несоновани приговорите поднесени од страна на одбраната и донел одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост.

„Советот во одлучувањето утврди дека дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени со кривичниот законик и дека се приложени докази во прилог на обвинението“ – се наведува во соопштението на Судот.

Терминот за стартот на главна расправа дополнително ќе биде закажан.