Се подобруваат демографските трендови

30.06.2015 17:04

Од септември на училиште ќе појдат повеќе дечиња од лани. Надлежните тврдат - комбинацијата од активните мерки за вработување, помошта за младите брачни парови, како и зголеменото породилно боледување дава резултат...

Се враќа надежта за македонската демографија. 1.116 првачиња повеќе од лани, од септември ќе тргнат на училиште. Годинава по подолг надолен тренд, владините мерки ги даваат првите резултати.

Во 2008 – та за прв пат се воведе финансиска помош за младите брачни парови. Се даде можност и за подолго неплатено породилно боледување од  три месеци што може да се искористи до возраст на детето од три години. Отсега и подолго платено породилно отсуство за мајки кои ќе родат две, три или повеќе деца истовремено. За нив породилното ќе трае 15 месеци. Оттогаш па се досега, се промени и сликата за македонското образование, рече премиерот Никола Груевски.

За 8 години се отворени над 140.000 нови работни места. Со последниот проект, „Македонија вработува“, младите се во посебна група до 35 години, за чиешто вработување работодавачот не само што во период од 3 години нема да плаќа придонеси, ниту персонален данок на доход, туку ќе има и обрвска да ги задржи најмалку уште една година. Со новиот проект „Македонија вработува“ за само два месеца до работни место дошле околу 2.600 граѓани.

 

Викторија Милевска