Над 40 илјади повици на „Ало докторе“

01.07.2015 11:49

Од 23 јуни до 30 јуни оваа година за медицински совет имало 1.172 повици...

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ на 02/15 123 од септември минатата година имало 40.591 повици.

Од 23 јуни до 30 јуни оваа година за медицински совет имало 1.172 повици.

Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми најчесто предизвикани од променливите временски услови.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.