Електронско барање за финансиска поддршка на земјоделските стопанства
01.07.2015 12:16
Агенцијата апелира сите заинтересирани навремено да ги ажурираат сите податоци запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе објави повик за поднесување електронско барање за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.
Агенцијата апелира сите заинтересирани навремено да ги ажурираат сите податоци запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Ажурирањето на податоците се врши во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кадешто е регистрирано земјоделското стопанство.
