За 500 лица над 200.000 денари грантови
Сите лица кои досега беа невработени набрзо ќе ги регистрираат своите „старт ап компании“, своите мали бизниси и ќе добијат грант средства...

Доделени првите сертификати за завршена обука на лицата кои сакаат да почнат сопствен бизнис. На околу 500 лица ќе им бидат доделени над 200 илјади денари грант за опрема и репроматеријали. Ова е првиот дел од проектот за самовработување.
Сите лица кои досега беа невработени набрзо ќе ги регистрираат своите „старт ап компании“, своите мали бизниси и ќе добијат грант средства во висина од 201 илјада денари за набавка на опрема и репроматеријали. Дополнително ќе можат да ги користат и поволностите од проектот Македонија вработува и да добијат ослободување од плаќање придонеси од 3 до 5 години, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Директорот на АВРМ, Влатко Поповски информира од 500-те лица кои денеска добија сертификати има разни профили - стоматолози, фризери, козметичари, лимари, автолимари, автомеханичари, електричари, градежни работници, буквално речеиси од секој домен, има бизнис планови за продавници за здрава храна, филигран и други занаети и услужни дејности.
Изминатиот период од кога е воведена програмата за самовработување со грант средства, од 2007 до 2014 година, вкупно се основани 6.775 приватни компании со над 70 проценти успешност, а секоја петта компанија го има зголемено бројот на вработени.
