Аналитичари: Грција се обидува да купи време
„Купување време“ - оценка на експертите за последниот предлог на Грција упатен до кредиторите...

Грција влезе во неславната група на шест држави кои не успеале да ги платат обврските кон ММФ. Им се придружи на Зимбабве, Хаити, Судан, Сомалија и Авганистан. Аналитичарите велат дека последниот предлог на Грција упатен до кредиторите наликува на купување време, затоа што практично не прифаќа да реализира ниту едно барање од планот за реформи. Бара пролонгирање за секое кратење на трошоците.
„Намалувањето на трошоците за финансирањето на армијата, од следната година за 200 милиони евра, и за секоја наредна година по толку. Изземање од обврската за плќање на ДДВ само за островите кои се потешко достапни од 30%, “, д-р сашо кожухаров-универзитетски професор
ЕУ и Грција наликуваат на двајца партнери кои заедно трчаат маратон, а две нозе, внатрешните, им се врзани, сликовито коментира д-р Марјан Николов, претседател на ЦЕА.
„Додека ЕУ асиметрично споредено со Грција, имаат монетарна власт, од друга страна немаат фискални инструменти, со кои ќе можат економијата да ја раководат во услови на криза. Од друга страна Грција има фискални инструменти, но нема монетарни“, смета д-р Марјан Николов.
Кожухаров вели дека ММФ нема инструмент да санкционира земја која не успеала да го врати долгот навреме, затоа што функционира на доверба и почитување на договорените обврски. Грција досега одамна ќе беше банкротирана земја доколку не ги користеше кредитите за ликвидност, но за разлика од случаите на Исланд или на Ирска таа ги користи ненаменски.
„Да кажеме во Ирска тоа беа 50 до 60 милијарди евра кои беа користени наменски и под строга контрола, под строго реализирање на зацртаните програми“, вели д-р Кожухаров.
Проблемите во еврозоната се резултат на статутарната нефлексибилност на Европската централна банка и неможноста монетарно да одговори на проблеми како на Грција што доведува до користење одредени инструменти со кои се бајпасираат овие недостатоци во еврозоната, но за жал неуспешно, појаснува Николов .
Свето Николовски
