Неизвесност во Грција, кредиторите го чекаат исходот од референдумот
Грција е во неизвесност. Кредиторите ги прекинаа разговорите и го чекаат исходот од неделниот референдум. Пред банкоматите редици, а двестоте најбогати во светот загубиле 88 милијарди долари од падот на берзанските индекси...

Грција пред колапс. Граѓаните ги живеат најтешките мигови во поновата историја. Состојбата статус кво. Луѓето се во паника. Пред банките нервозно чекаат да земат пари. Загрижени се за иднината..
„Многу сум лут цел ден чекам за да дојдам на ред и да земам пари“, вели жител на Атина.
„Цел ден плачам многу сум вознемирена, гледајте што ни се случува“, додава негова сограѓанка.
По истекот на рокот за враќање на кредитот, министрите за финансии од еврозоната најавија дека новата понуда на премиерот ципрас ќе ја разгледуваат по референдумот кој е закажан за недела. „Европа сака да и помогне на Грција, но тоа не може да го направи ако нема воља од официјална Атина, затоа да го почекаме исходот од референдумот“, напиша претседателот Доналт Туск на Твитер. ММФ сака да му помогне на грчкиот народ во текот на овој тежок период на економска криза, соопшти Фондот на својата интернет страница. Најдобар начин за решенеие е Грција да преземе чекори за реформирање на економијата, а европските партнери на земјата да и обезбедат дополнителни финансиски средства и отпишување на долгот, се вели во соопштението.
„Работите мора да ги гледаме во перспектива. Состојбата во земјата во моментов е тешка. Грција има масовна подршка од меѓународната зедница пред се од европските партнери. Има многу стручни луѓе кои ја следат состојбата, за да се дојде до решение. Но, со оглед на моменталната состојба мислам дека е најдобро да видиме од Грција дека сака да ги спроведе реформите“, вели шефицата на ММФ, Кристин Лагард.
Безизлезната состојба го натера грчкиот премиер Ципрас да попушти и да побара компромис со кредиторите. Ги повика граѓаните да останат смирени и вети дека состојбата во која земјата е на чекор до финансиски колапс, нема долго да трае затоа што има решение.
Референдумот закажан за 5-ти јули не се откажува и Ципрас ги повика грците да кажат не за пакетот реформи. Агенцијата „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг и ја оцени состојбата како „непосреден банкрот“.
Околу 200 најбогати луѓе во светот изгубиле 88 милијарди долари поради грчката криза само во изминатите седум дена поради надолното „движење“ на индексите на берзите, по неуспехот од состанокот на Еврогрупата.
Марија Петковска
