Доцни жетвата на јачмен во пелагониско

02.07.2015 10:40

За разлика од лани кога имаше рекордни приноси на јачмен, годинава поради временските услови се очекува родот да биде двојно помал...

Во Пелагонија доцни жетвата на јачменот и маслодајната репка.

Поради лошите временски услови се очекува приносот на јачменот да потфрли. Проценките се дека ќе се добијат од 2 до 3 тони по хектар за разлика од лани кога изнесуваа до 4,7 тони.

Со оваа земјоделска култура, во битолско се насеани 4.000 хектари.

Малиот род особено ги загрижува сточарите кои јачменот го користат за добиточна храна.

Методија Трајков