АЕК на граничниот премин Табановце ќе ги информира граѓаните за пониските цени за роаминг
Според договорот, за минута појдовен повик се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет чини 43 денари...

Агенцијата за електронски комуникации од денеска ќе ги информира граѓаните кои патуваат во соседните земји каде се спроведува одлуката за пониски цени во роаминг, за условите и начинот на неговото користење.
Ваквата одлука за поевтин роаминг меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почна да се применува од завчера.
Според договорот, за минута појдовен повик се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет чини 43 денари.
Цените се без пресметан ДДВ, а ќе важат до 30 јуни следната година, по што ќе следи ново намалување.
