Охридскиот аеродром го пречека првиот лет од Базел

02.07.2015 10:47

Воведена е нова директна авиолинија Охрид-Базел. Ниско буџетската компанија, унгарскиот „Визер“ ќе оперира двапати неделно, секоја среда и секоја недела, до 21 октомври...

Новата авио линија од Базел Швајцарија до Охрид  донесе 179 патници, a од „Св. Апостол Павле“ во Базел ќе однесе 133 патници. Патниците се задоволни и со нетрпение ја очекувале оваа авио линија.

Оваа нова рута е втората што се отвора летово од Охридскиот аеродром, по првата Охрид-Лондон која беше свечено отворена на 10 јуни. Овој лет ќе опереира преку цела година и тоа два пати неделно од Охридскиот аеродром, секоја среда и секоја недела, во истото време, пристигнувајќи на Охридскиот аеродром во 18 часот и 40 минути и заминувајќи назад за Базел 19 часот и 10 минути.

На двата македонски аеродроми се очекува пораст на авиосообраќајот. НаОхридскиот аеродром веќе оперираат чартер-летовите од Холандија, Австрија, Швајцарија и Белгија.

„ТАВ Македонија“ во минатата година на двата аеродроми, опслужи околу 1,3 милиони патници.

Јованчо Наумоски