Седници на четири собраниски комисии

02.07.2015 10:05

Членовите на комитетот ќе ја разгледаат предлог програмата за работа и информацијата за спроведување и реализација на Охридскиот рамковен договор, изготвена од Секретаријатот за неговото имплементирање...

Во Законодавниот дом ќе одржат седници комисиите за: Политички систем и односи меѓу заедниците, за Прашања на изборите и именувањата, Законодавно-правната и Комитетот за односите меѓу заедниците.

Членовите на комитетот ќе ја разгледаат предлог програмата за работа и информацијата за спроведување и реализација на Охридскиот рамковен договор, изготвена од Секретаријатот за неговото имплементирање.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предлог- одлука за именување на член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.