Продолжува одличната соработка на збратимените градови Скопје и Нирнберг
Соработката на Скопје и Нирнберг трае повеќе од половина век, која почна во далечната 1963 година...

Делегацијата на збратимениот град Нирнберг, која пристигна вчера со првиот лет од нововоспоставената авионска директна линија Скопје – Нирнберг, денеска остварија средба со делегација на градот Скопје, предводена од заменик-градоначалникот на Скопје, Борче Георгиевски.
„Нашата соработка е на високо ниво, а истата е најзастапена во областа на културата, образованието, спортот и противпожарната заштита. Во нашата долгогодишна соработка остварени се голем број средби и размени“, истакна Георгиевски и додаде дека воведувањето на авионска директна линија Скопје–Нирнберг, е историски во развојот на односите меѓу давата града.
Заменик-градоначалникот на Нирнберг, Кристијан Фогел, се заблагодари за одличниот прием во Скопје, пренесувајќи ги поздравите од градоначалникот на Нирнберг, Улрих Мали. Тој потенцираше дека одличната соработка треба да продолжи да се развива и двата града треба заедно да работат на зближување на граѓаните.
Соработката на Скопје и Нирнберг трае повеќе од половина век, која почна во далечната 1963 година, кога овој град се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес.
