МВР издаде 6.349 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил

02.07.2015 12:18

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди досега, најбројни се државјаните на Сирија- 4.086, потоа Авганистан-603, Ирак-400, Пакистан-307, Сомалија- 246, Конго-238, Палестина-176 додека останатите се во помал број.

Министерството за внатрешни работи во периодот од 19-ти јуни до 2-ри јули вкупно издаде 6.349 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во Република Македонија. Од нив, 5.029 се од машки пол, 782 се од женски,  573 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Само во текот на вчерашниот ден, МВР издаде 479 потврди на странски државјани.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди досега, најбројни се државјаните на Сирија- 4.086, потоа Авганистан-603, Ирак-400, Пакистан-307, Сомалија- 246, Конго-238, Палестина-176 додека останатите се во помал број.

Од МВР информираат дека денеска е документирано едно кривично со криумчарење на илегални мигранти. Имено, околу 01.00 часот на излез од Гевгелија, од страна на патролен тим, сопрено било возило „Мерцедес Д22“ со скопски регистерски ознаки, управувано од С.Ѓ.(1983) од Скопје, при што во истото затекнати биле сириските државјани: Р.O.(1984), A.O.(1991) и M.И.(1976). Лицето и сириските државјани се задржани во полициската станица во Гевгелија за понатамошна постапка.