Промовирани нови 60 аудио книги за лица со оштетен вид
Проектот на Министерството за труд и социјална политика треба да овозможи издавање на вкупно 400 аудио книги...

Промовирани 60 аудио книги за лицата со визуелен хендикеп, дела на еминентни автори од сите генерации писатели од Македонија и од светот, дела со високи книжевно-естетски вредности кои ги прикажуваат развојните процеси и достигнувања на македонското книжевно творештво, но и врвовите кои ја одбележаат историјата на светската литература.
Министерот за труд и социјална политика истакна дека и понатаму ќе продолжи да се зголемува фондот на аудио книги за слепи лица, и најави дека до крајот на годината ќе бидат промовирани уште 200 наслови.
Проектот на Министерството за труд и социјална политика треба да овозможи издавање на вкупно 400 аудио книги.
Станува збор за проект од особена важност за лицата со визуелен хендикеп преку кој ќе се овозможи унапредување на образовниот процес на слепите лица и ќе се подигне нивото на нивната интелектуална култура.
