Нуланд во Скопје на 13-ти јули
По една година, помошничката- државен секретар во Стејт Департментот за Европа и Евроазија повторно ќе престојува во Македонија со што во тежина добива американското учество во разврската на политичката состојба...

Се вклучуваат ли Соединетите Американски држави поактивно во решението на политичката криза по најавенета посета на Викторија Нуланд во Скопје на 13-ти јули? По една година, помошничката- државен секретар во Стејт Департментот за Европа и Евроазија повторно ќе престојува во Македонија со што во тежина добива американското учество во разврската на политичката состојба.
Посетата на Нуланд се оценува и како дел од неодамнешната одлука на администрацијата на Обама за зголемено американско воено присуство во Бугарија и Романија, поради кризата во Украина.
Американскиот дипломат, како американски амбасадор во НАТО беше дел и од разговорите за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, за членство на земјава на самитот на НАТО во Букурешт 2008-та.
Зоран Богатинов
