Бајки од Македонија – нов проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ
Имајќи го предвид јавниот интерес за реафирмирање на традицоналните вредности, младите креативци ќе работат на визуелизација на три бајки од македонското културно наследство, во насока на зачувување и негување на националните вредности...

Илустрирани бајки за деца од македонското народно творештво ќе бидат публикувани во специјална едиција- проект на движењето за подршка на креативоста Иво Лауренчиќ- „Браво сине“.
Имајќи го предвид јавниот интерес за реафирмирање на традицоналните вредности, младите креативци ќе работат на визуелизација на три бајки од македонското културно наследство, во насока на зачувување и негување на националните вредности.
„Давајќи им модерен изглед на бајките од македонското народно творештво, идејата е да се приближат до најмалите и притоа да создаде бренд кој ќе биде препознатлив за оваа и сите следни генерации. Притоа, се создава можност за младите креативци да го изразат својот креативен потецијал во процесот на содавањето на новиот бренд „Бајки од Македонија“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.
Селекцијата ќе ја прави институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а за илустрација ќе се распише конкурс. До 2016 ќе биде испечатено изданието „Бајките од Македонија“.
