Докторите посовесни- доцнат помалку

02.07.2015 15:13

За 15 пати се намалил бројот лекари кои пациентите кои оставиле пред ординација зад затворени врати три или повеќе пати во месецот подолго од еден час. Тогаш доцнеа 162, сега се 11 доктори...

Докторите посовесни од лани, помалку доцнат на првиот закажан термин. За 15 пати се намалил бројот лекари кои пациентите кои оставиле пред ординација зад затворени врати три или повеќе пати во месецот подолго од еден час. Тогаш доцнеа 162, сега се 11 доктори.

„Според податоците од системот „Мој термин“ минатион месец два пати или повеќе од два пати, повеќе од еден час доцнел 31 доктор. Меѓу нив најмногу доктори се од Општата болница Гостивар - шест, Клиничка болница Битола, Општа болница Охрид и Поликлинка „Јане Сандански“ по тројца и Градската општа болница „8 Септември“ и УК за радиологија, само двајца доктори“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Податоците од системот „Мој термин“ покажуваат подобрување. Откажувањето на термините изминатиот месец е за 8 проценти поголемо во споредба со мај. Во јуни биле откажани вкупно 25.668 термини, а во мај  биле откажани вкупно 23.806 термини. 

Според министерот за здравство, со доследно почитување на закажаните термини од страна на пациентите и од страна на докторитеи со непосредно доаѓање пред термин ќе се обезбеди функционирање на  системот„Мој термин“.