Владата објави оглас за именување директор на Агенцијата за филм на РМ
Заинтересираните кандидати можат да се пријават во наредните 8 дена...

Владата го објави огласот за избор на директор на Агенцијата за филм. Заинтересираните кандидати можат да се пријават во наредните 8 дена.
„Ова е дел од нашата политика на транспарентност и отвореност на полето на кадровските прашања, и на давање шанса на квалитетните и способни кадри да бидат избрани за вршење одговорни државни позиции. Кандидатите кои ги исполнуваат условите од огласот треба да ги поднесат потребните документи за апликација во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Владата. Единствен критериум за избор ќе биде квалитетот на кандидатот, кој е содржан од неговото искуство, образованието, способностите, и идеите и визиите за развој“, изјави портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.
Директорот на Агенцијата за филм го именува и разрешува Владата на Република Македонија, со мандат од две години.
