Се договараат минималните откупни цени на пченицата

03.07.2015 10:16

Земјоделците и мелничарите ги договараат минималните откупни цени на пченицата. Сепак неа ќе ја одреди пазарот во регионот од каде се увезува...

Oткупна цена на пченицата според земјоделците би требало да се движи од 10 до 14, а мелничарите предлагаат да биде 8 до 9 денари за килограм.

Сепак неа ќе ја одреди берзата во регионов до крајот од оваа недела.

Во моментнв се увезува  брашно и пченица од ланската реколта. За поголема заштита на потрошувачите, земјоделците и мелничарите бараат зајакнати контроли на квалитетот и безбедноста на увезенето брашно.

 

Методија Трајков