Уште еден загинат во страшната сообраќајка кај Колари

03.07.2015 11:07

Бројот на загинати во вчерашната несреќа кај Колари на патот Кичево-Охрид се зголеми на четири лица...

Четврта жртва на тешката сообраќајка кај кичевското село Колари. Врз лицето кое било згрижено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид била извршена реанимација и транспорт кон скопскиот Клинички центар, но на патот кон Скопје починало.

Уште две лица се хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје.

Во незгодата учествувале патничко возило Волво со кичевски регистарски таблички и возило со струшки таблички.