Ограбена продавница во центарот на Скопје

03.07.2015 11:45

Две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над вработената, при што и ги одзеле парите и цигарите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 10.000 денари...

Од продавницата „Агровита­мак“ на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје синоќа во 22 и 30 часот украдени се 2.300 денари и околу 100 кутии разни марки цигари.

Како што соопшти денеска МВР, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над вработената, при што и ги одзеле парите и цигарите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 10.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.