Неизвесна лидерска средба

03.07.2015 12:07

Нема официјална потврда за нејзино одржување...

Се уште неизвесно одржувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците која што беше најавена за денеска.

Нема официјална потврда за нејзино одржување. Доколку тоа се случи, лидерите на четирите најголеми политички партии Груевски, Заев, Ахмети и Тачи ќе се обидат уште еднаш да дојдат до конечен договор за излез од политичката криза во земјава.

На средбата се очекува да присуствуваат и американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.