Судењето за „Пуч“ закажано на 5-ти август

03.07.2015 13:19

Четвртообвинет во овој случај е Зоран Заев, претседателот на СДСМ, кој што вчера изјави дека нема да почитува ниту еден повик за пристуност на судските рочишта...

Судењето за случајот „Пуч“ е закажано на 5-ти август, судијка е Љубинка Башеска. Четвртообвинет во овој случај е Зоран Заев, претседателот на СДСМ, кој што вчера изјави дека нема да почитува ниту еден повик за пристуност на судските рочишта.

Судот се уште нема донесено одлука за прифаќање на обвинението за случајот „Поткуп“ во кој Заев е осомничен за наводно барање мито од струмички бизнисмен.

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијката Башеска е избрана по електронски пат.