Безбедност на храна: Засилени контроли на инспекторите

03.07.2015 16:40

Внимателно кога купувате храна во летниот период, особено на онаа што и на високи температури од плус 30 степени се чува на отворено. Инспекторите ги засилија контролите, но потребно е и потрошувачите да отвораат очи...

Инспекторите на терен – ја проверуваат безбедносна на храна. Стафилококи, салмонела, ешерихија, бактериите кои секое лето предизвикуваат зарази, ги демнат граѓаните. Несоодветното чување на храната е една од причините. И на повеќе од 30 степени пазарите работат непрекинато. Покрај зеленчукот и овошјето може да се најде и јајца но и други продукти. Камерата на МТВ беше на терен.

„Имаме клима, температурата се одржува константно, вчера имаше инспекција“, вели Николина Петрова, продавачка.  

И месарниците работат по стандарди кои треба да го гарантираат квалитетот.

„Се придржуваме кон сите прописи максимално. Имаме посети од надлежните служби. Вчера имаше инспекција, не најдоа никаква забелешка“, вели Александар Манев, сопственик на месара.   

Дали граѓаните внимаваат што купуваат?!

„Внимаваме, дали е тазе, од каде е по потекло... Мора да се внимава на се“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Лани Агенцијата за храна постапила по 195 претставки поднесени од граѓани поради непримена на хигиенските стандарди, најдени контаминенти во храната и за производи со поминат рок на употреба.

Казните се движат од 2.000 до 5.000 евра во денарска против вредност за правните лица и до 1.000 евра за одговорното лице.

Лани Институтот за храна регистрирал 900  труења со месо, млеко и слатки.

 

Дијана Ценевска