Стигнаа првите 13 барања за азил
По стапувањето во сила на законските измени, во Министерството за внатрешни пристигнаа и првите 13 барања за азил во Македонија. Со нив се опфатени 17 луѓе, 13 возрасни и 4 деца. Сите се сириски државјани...

Стигнаа првите 13 барања за азил. 17 мигранти од Сирија меѓу кои 4 деца поднесоа документи. Луѓето се на возраст од 19 до 57 години. Заклучно со 8 часот утринава, МВР издаде 992 нови потврди за искажана намера за признавање на право на азил со што вкупната бројка барања сега изнесува 7.386.
Мобилните екипи на Црвениот крст им укажуваат прва помош на околу 360 мигранти на железничките станици во Гевгелија и Табановце.
На дебатата за ранливите категории граѓани за кризни ситуации, беше соопштен податок дека со бегалската криза се раселени околу 60 милиони луѓе. Македонија прави напори за хуман третман и нудење заштита на бегалците.
Најголемиот дел од барателите на азил се од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија, Конго и Палестина. На двајца полициски службеници им е одреден куќен притвор, поради сомнение за примање поткуп од 450 евра од сириски државјани. Полицајците се товарат дека парите ги побарале за да ја пополнат бесплатната намера за признавање на право на азил, што била нивна службена обврска.
Анита Димитријевска
