Дополнителни субвенции за производителите на домати
06.07.2015 10:15
Владата ќе им помогне на градинарите со ниските откупни цени на доматите. Причина се слабиот извоз и истовремената берба на оранжериското и пластеничкото производство...

Дополнителната финансиска поддршка изнесува 6,5 денари по килограм домати.
Право на субвенција имаат градинарите кои производство ќе го предадат во преработувачки капацитети директно или преку еден регистриран откупувач по цена не повисока од 5 денари за килограм од 26 јуни до 15 јули 2015 година.
Крајниот рок за поднесување на барања е до 30 ноември, а целта е да се стабилизира пазарот со домати.
Методија Трајков
