Висок УВ индекс оваа недела
06.07.2015 10:38
о вторник и среда ќе биде сончево и многу топло. Минималните температури од 12 до 23 степени, а максималните ќе достигнат до 28 до 40-от степен...

Ултравиолетовиот индекс денеска ќе достигне 8 од 10 мерни единици. Високиот индекс ќе го следи трендот на пораст на температурите во наредните денови. Во вторник и среда ќе биде сончево и многу топло. Минималните температури од 12 до 23 степени, а максималните ќе достигнат до 28 до 40-от степен.
В четврток и петок ќе биде претежно сончево и топло. Во попладневните часови зголемување на облачноста и услови за локални врнежи од дожд.
Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 39 степени.
