Усвоен деловникот за работа на Комисијата за следење на ПИМ
По една година, прва седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка, следење на комуникациите од МВР, одбрана, царина и финансиска полиција. Ја свика спикерот Вељаноски, бидејќи опозицијата која раководи со работното тело ја бојкотира работата на Парламентот. Усвоен деловникот за работа...

Независната пратеничка Солза Грчева која е нов член во комисијата смета дека овој состав без најголемата опозициска партија не може да носи релевантни одлуки,имајќи ја предвид актуелната политичка состојба. Почетокот на работата го гледа како ад хок решение,што беше и сугестија на Прибе. Се водат преговори меѓу политичите партии,следува разрешница,рече Грчева.Праша, зошто деловнички не е решен статусот на преседавачот и зошто не е од опозицијата, која според деловникот треба да има мнозинство во комисијата.
„Ќе се води фудбалски натпревар без еден тим и сега ние ќе си даваме голови едни на други и ќе има еден судија што ќе вели дека ова беше исправно досуден пенал“, изјави Солза Грчева- член на Комисијата.
Отсуството на СДСМ, работата на Собранието и работните тела е политичка одлука на партијата,рече Талат Џафери од ДУИ. Се согласува дека местото на опозицијата е во парламентот,но и дека предолго имаше пауза во однос на собраниската контрола врз безбедносните служби.Прифатен беше неговиот предлог покрај претседателот и членовите да може да покренат иницијативи од надлежност на Комисијата. Неопходна е и измена на законската регулатива.
„Многу лесно некој во соодветната институција да каже дека не,ние не сме спровеле посебна истражна мерка за следење на комуникациите и повелете проверете го компјутерот. Кој компјутер ние како пратеници може да го контролираме и да констарираме дали имало или немало посебна истражна мерка“, изјави Талат Џафери- член на Комисијата.
Бокотот на опозицијата не треба да е изговор Комисијата да не работи,рече претседавачот Павле Саздов. Членовите треба професионално да работат и да бидат непристрасни. Се согласува дека е потребна поголема цивилна контрола врз работата на безбедносните служби и во користењето на посебните истражни мерки.
„Имавме ситуација во минатиот мандат кога опозицијата учествуваше и работеше со ова работно тело а тоа не ја исполни основната надлежност а тоа беше надзорот,туку беше злоупотребена во дневно-политички цели и пресметки“, вели Павле Саздов-претседавач на Комисијата.
Членовите на Комисијата заклучија во најкраток рок да ги посетат надлежните институции за да се запознаат со нивната работа.
Милчо Велески
