Убиецот на матурантот Ангел осуден на 14 години затвор

07.07.2015 10:14

Судот, пресудата ја донесе вчера попладне, по изнесувањето на завршните зборови на обвинителството и на одбраната...

14 години затворска казна, пресуди кривичниот суд за обвинетиот, Насер Ештрефи. Прогласен е за виновен за убиството на матурантот Ангел Петковски, кое лани во мај се случи во скопската населба Ѓорче Петров.

Судот, пресудата ја донесе вчера попладне, по изнесувањето на завршните зборови на обвинителството и на одбраната. Одбраната побара максимална казна, а бранителот на Ештрефи помала, бидејќи смета дека убиството било извршено во самоодбрана.

Ештрефи беше обвинет дека на 19-ти мај минатата година од дворот на куќата на семејството Петковски го украл велосипедот на Ангел, а по кратката бркотница и тепачка со нож го прободел матурантот.