Претседателот Иванов ја продолжува официјалната посета на Хрватска

07.07.2015 10:38

Вчера оствари средба со хрватската претседателка Грабар- Китаровиќ...

Претседателот Иванов денеска во општина Ѓаково ќе се сретне со преставници на македонската заедница. Иванов ќе присуствува на културно-уметничката програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци“ од Хрватска, по што ќе положи венец на гробот на Јосип Јурај Штросмаер, кој е еден од првите свештеници во Католичката црква кои го ревитализираа делото на солунските браќа Кирил и Методиј.

Претседателот Иванов вчера оствари средба со хрватската претседателка Грабар- Китаровиќ и со претседателот хрватскиот Сабор, Јосип Леко. Во фокусот, прашањето за челнството на Македонија во НАТО и во Европската унија. Од Загреб и пораката- очекуваме состојбата во Грција да се стабилизира. Посакуваме решение, со кое што грчкиот народ ќе почне да живее нормален живот, бидејќи сите земји во регионот се меѓусебно поврзани.

Ова е трета официјална посета на претседателот Иванов на Хрватска, претходните беа во 2009 и 2011 година.