Бизниз заедницата очекува откажување на нарачките од Грција

07.07.2015 13:20

Заменик-претседателот на Сојузот на стопански комори, Сеад Кочан денеска изрази надеж дека ситуацијата во Грција ќе се надмине бидејќи продолжуваат иницијативите од Европската унија...

Бизнис заедницата очекува откажување на нарачките, поради актуелната ситуација во Грција. Се надева дека Европската унија нема да дозволи да се прошири.

Заменик-претседателот на Сојузот на стопански комори, Сеад Кочан денеска изрази надеж дека ситуацијата во Грција ќе се надмине бидејќи продолжуваат иницијативите од Европската унија.

Ќе има откажување на нарачките затоа што Грција е држава која е во т.н. технички банкрот меѓутоа како што гледаме сепак Европската унија продожува со иницијативите, а Европската централна банка веќе дава пари за грчките банки. И челните луѓе на Европската унија веќе заседаваат и бараат решение така што сигурен сум дека ниту Грција, ниту Европската унија нема да дозволат нешто поголемо да се случи, изјави Кочан.