Од утре бесплатни прегледи и совети за превенција од топлото време
Здравствените власти со превентивни мерки за заштита од мозочни удари, инфаркти, колабирања – во 33 града мобилни тимови ќе вршат превентивни прегледи и контрола на крвниот притисок...

Неколку илјади луѓе колабирале поради високите температури. Од утре Македонија во жолта фаза. Горештините опасни по здравјето.
Здравствените власти со превентивни мерки за заштита од мозочни удари, инфаркти, колабирања – во 33 града мобилни тимови ќе вршат превентивни прегледи и контрола на крвниот притисок.
Д-р Јованка Костовска, раководител на сектор во МЗ, на денешната прес-конференција предупреди дека високите температури може да доведат и до појава на разни заболувања, до труење од храна и затоа, нагласи, повеќе да се внимава на личната хигиена, добро да се мие овошјето и зеленчукот, да се одбегнува лесно расипливата храна.
Црвениот крст, пак, од утре на улиците на Скопје ќе делат флаширана вода за граѓаните и ќе им помагаат на беспомошните лица и на бездомници.
