Македонија влегува во жолта фаза

07.07.2015 14:55

Термометарот изложен на сонце во 10 часот покажа 32 степени, час подоцна живата стигна до 40-тиот степен. На жешкиот асфалт тешко се функационира – велат граѓаните. Мака имаат и животните во зоолошката градина...

10 часот e наутро, а живата на термометарот на Железничката Станица во Скопје покажува 33 степени Целзиусови.

Камерата на МТВ само час подоцна во центарот на градот забележа 40 степени. Од утре жолта фаза во Македонија. И покрај предупредувањата, оние кои мораат да ги завршат обврските на отворено, велат дека е тешко да се функционира на 40 степени. Автобусите климатизирани,  но асфалтот жежок. Температурните разлики се се поопасни. Дел од граѓаните бараат спас   далеку од градските жештини.

„Носам капа и наочари и вода во торбичката... Мора да се заштитиме, бегаме под сенка, пијам вода... Со наочари, со капа, светла облека... Од Раштак не мрдам, 18 степени ми е таму“, велат дел од граѓаните кои ги анкетиравме денеска.

И животните во зоолошката градина не се отпорни на пеколните горештини. Вработените велат дека се грижат за нив, но секое животно бара различен третман во зависност од температурите на нивните природни живеалишта.

Дури и животните на кои природното живеалиште им е Африка, бараат спас под дебелите сенки.

 

Александра Перевска