Топлотен бран: Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни
Од утре земјава ќе биде под влијание на жолтата алертна фаза. Топлотниот бран ги мобилизира надлежните. Од денес почнува превентивната кампања за заштита на населението од горештините...

Летните горештини стигнаа во Македонија. Од утре земјава ќе биде под влијание на жолтата алертна фаза. Топлотниот бран ги мобилизира надлежните. Од денес почнува превентивната кампања за заштита на населението од горештините. На 33 најфрекфентни локации низ земјава, медицински тимови ќе мерат крвен притисок и ќе ги советуваат граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран. Искуството во изминативе години покажало дека овие прегледи го намалиле бројот на срцеви и мозочни удари, а со тоа и интервенциите во Итната медицинска помош.
Само во Скопје во изминатите години преку оваа акција превентивно биле прегледани околу 35.000 граѓани. Медицинските тимови им помогнале на граѓаните полесно да се справат со високите температури и да го заштитат своето здравје. Кај некои граѓани биле детектирани и поголеми здравствени проблеми.
Поради високите темеператури тројца штипјани на возраст од 20 до 60 години добиле топлотни удари, во Итната медицинска помош биле примени со симптомии на главоболка исцрпеност и препотување. Двата колапси биле на отворено, а еден во затворена просторија.
Посебно внимателни треба да бидат старите и хронично болните лица, кои треба редовно да ја земаат терапијата.
Викторија Милевска
