Почнува судскиот процес против трикратниот убиец од Кавадарци

08.07.2015 10:46

Тони Станоев по убиството избега, а беше фатен три дена подоцна во близина на гробиштата во Кавадарци. Психијатриското вештачење утврдило пресметливост и ќе се користи како доказ во постапката...

На обвинителна клупа во Велешкиот основен суд ќе седне Тони Станоев, обвинет за трикратното убиство во Кавадарци, во ноември лани, кога ги застрела родителите на неговата сопруга и нејзината сестра. Ќе му се суди за три кривични дела „убиство“, за што може да добие казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.

Тони Станоев по убиството избега, а беше фатен три дена подоцна во близина на гробиштата во Кавадарци. Психијатриското вештачење утврдило пресметливост и ќе се користи како доказ во постапката.

Во меѓувреме, по спроведена постапка, пред судовите во Велес и во Кавадарци, условно и парично беа казнети полицајци и вработени во Центарот за социјални работи во Кавадарци, кои не презеле мерки по пријавите за семејно насилство и не му го одзеле оружјето, со кое подоцна беше извршено убиството.