Грција ги брои последните моменти пред банкрот

08.07.2015 11:04

Владата на Ципрас, до четврток треба да ги соопшти новите предлози. Грција има само пет дена да го избегне најлошото сценарио...

Европските лидери и го дадоа последниот рок на Грција за спас од кризата. В недела е закажан нов состанок на членките на Европската унија, на кој Грција ќе биде главна тема на разговорите.

Владата на Ципрас, до четврток треба да ги соопшти новите предлози. Грција има само пет дена да го избегне најлошото сценарио, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и додаде дека ова се најтешките денови на Европската унија.

Европските лидери изразија силно негодување, бидејќи грчките власти понудиле само усмени предлози, наместо детален пишан документ, во кој ќе бидат опфатени сите теми околу грчката должничка криза.

Од друга страна, грчкиот премиер Ципрас има целосно поинакво видување на состанокот, опишувајќи го како позитивен и истакнувајќи дека изнесените предлози биле „социјално оправдани и економски остварливи“.