Ќе се градат уште десетина спортски сали

08.07.2015 15:35

Досега се завршени 78 спортски сали, 13 се во градба, од кои шест ќе бидат готови во наредната половина година...

Ќе се градат уште десетина нови спортски сали, информираше денеска премиерот Груевски. За нив се изготвува потребната документација и наскоро ќе се постават темелите.

Досега се завршени 78 спортски сали, 13 се во градба, од кои шест ќе бидат готови во наредната половина година.

„Се подготвуваме за почеток на градба на уште 10-тина до 12 нови спортски сали. За нив се подготвува потребната документација и наскоро се надеваме дека и тие да почнат да се градат. Динамиката се движи добро и преку Министерството за образование и преку Агенцијата за спорт и млади“, изјави Груевски.

Премиерот истакна дека изградбата на објектите се одвива со потребната динамика.