Земјоделство: Поголеми приноси со прилагодување на климатските промени
Прилагодувањето на градинарските производи на климатските промени ги дава очекуваните резултати. Проектот што се спроведува во Вардарскиот и дел од Југоисточниот регион со подршка УСАИД, стартуваше во 2012 година...

За 30-40% повеќе приноси на градинарските производи прилагодени на килиматските промени. Ова е заклучокот на Томе Тимов, млад фармер од струмичко Добрејци чии пластеници се дел од проектот на Мрежата на млади фармери и УСАИД за прилагодување на земјоделството кон климатските промени.
Тимов вели дека разнобојните фолии за заштита од сонце, користењето на габа за поддршка на кореновиот систем, како и капка по капка системот за наводнување дале позитивен ефект.
„Во самите пластеници температурата е за 5 степени пониска, има намален степен на абортус на цевтовите, поголем квалитет. Штедиме и на наводниувањето“, вели фармерот Томе Тимов.
Во покриените пластеници помал е бројот и на штетни инсекти и плевели, се намалува примената на хемиски средства што влијае врз развојот на органското производство. Од Од Мрежата за рурален развој велат дека целта им е да помогнат на земјоделците да го заштидат родот од високите температури, а со тоа да ги заштитат и приходите.
„Дефинитивно нашите земјоделци ќе треба да започнат, има многу што се започнати со таквите мерки, овозможуваат и финансиите преку Министерството, дали преку ИПАРД програмата или преку националната програма. Што побргу сватат дека ќе треба да го прилагодат производството, толку побрзо ќе можат да го задржат квалитетот, па дури и да го зголемат“, изјави Весела Ламбевска Домазетова- Мрежа за рурален развој.
Проектот се спроведува од 2012 година во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот, со делови од Струмичкиот и Гевгелискиот регион кои се подложни на промени во климата.
Катерина Давчева
