Новите фабрики ги отворија вратите за работниците

08.07.2015 17:15

Новите странски компании го зголемуваат извозот, ја зајакнуваат соработката со домашните фирми, отвораат нови работни места. Новите шест странски инвеститори, кои веќе ангажираат околу 400 луѓе, до крајот на годината треба да вработуваат илјада работници, а кога ќе го достигнат својот полн капацитет, бројот на новоотворени работни места ќе се заокружи на 5 илјади...

Нови фабрики никнуваат во слободните економски зони, извозот се зголемува, расте бројот новоотворени работни места. Компаниите работат со полна пареа. На оглас се бараат стручни кадри, инженери, економисти. Странските инвестиции донесоа - работа за домашните фирми, нови технологии, вработувања. Две фабрики ќе почнат со работа, четири ќе стартуваат со градба. Ангажирале 400 работници, до крајот на годинава ќе вработат илјада, се очекува да искреираат пет илјади нови работни позиции.

Синергијата меѓу странските инвестиции и активните мерки за вработување дава резултати – велат и експертите. Голем број млади добија работно место, работодавачите почнаа да вработуваат и возрасни искусни кадри.

Инвестициски бум ова лето најави и премиерот Груевски. Со работа ќе почнат Техникал Текстајл во Штип и Дијатек во Скопје, градежни активности ќе почнат ККС, ОДВ, Гентерм,Кондево.

За годинава најавено е 20 нови компании да почнат бизнис во Македонија, да отворат 14 илјади нови работни места во следните неколку години.

Сузана Фиданска Стоевска