Договорена откупната цена- 11 денари за килограм пченица
11 денари за килограм пченица од прва класа за прозводство на лаб – договорена е откупната цена на денешниот состанок меѓу производителите и мелничарите. Се очекува квалитетен, но помал род...

Производителите на пченица и мелничарите ја договорија откупната цена. 11 денари е цената за пченица која ќе ги исполни минималните услови. Поради поплавите годинава се очекува помал род за повеќе од 20 проценти.
Пченицата која што се нуди на агроберзите е конкурентна и цената е многу пониска, па според тоа за мелничарите денеска договорената мининална цена е прифатлива.
Сопствениците на млиновите им понудија на земјоделците да ја чуваат пченицата во нивните магацини се додека не се постигне договор по која цена ќе биде откупена.
Годинава се очекува квалитетен род но количините кои се очекуваат да се произведат се околу 150.000 тони што во споредба со лани е помалку, како заради помалите приноци така и поради помалку засеаните површини.
Дијана Ценевска
