ММФ ја потврди макроекономската стабилност на Македонија

09.07.2015 10:01

Бизнис климата во земјава придонела за зголемување на странските инвестиции. Финансискиот сектор е стабилен, со капитализација на сите банки вклучувајќи ги и грчките во земјава- пишува во извештајот на ММФ...

Монетарците ја потврдија макроекономската стабилност на земјава, проектиран е раст од 3,2 насто на БДП како еден од највисоките на континентот. Проценката на ММФ се заснова врз инвестициите во инфраструктурата, растот на извозот поради странските директни инвестиции и високиот кредитен раст.

Бизнис климата во земјава придонела за зголемување на странските инвестиции. Финансискиот сектор е стабилен, со капитализација на сите банки вклучувајќи ги и грчките во земјава- пишува во извештајот на ММФ.

Монетарците сугерираат да се внимава на негативните ефекти од грчката криза, како и на неизвесноста предизвикана од политичката криза во земјава.

Постигнати се повисоки буџетски приходи од планираните, особено данокот на добивка, додека данокот на додаена вредност и неоданочените приходи се пониски од проектираните.