Лагард: ММФ останува на своите позиции кон Грција
Меѓународниот Монетарен Фонд останува на своите позиции кон Грција. Директорката Кристин Лагард на јавен настап во Вашингтон изјави дека фондот ја следи ситуацијата во Грција, но дека по референдумот не се сменети позициите како да се дојде од излез од економската криза во оваа земја...

Грција побара помош од нас, ние не сме за протекции на ниедна земја, кредитите се дадени под одредени услови, изјави директорката на Меѓународниот Монетарен Фонд, Кристин Лагард во Вашингтон. Според неа, ММФ внимателно ја следи ситуацијата по референдумот во Грција.
„Грција сега се наоѓа во региони надвор од ММФ. Грчките граѓани со референдум го одбија последниот предлог од институциите и Европејците. Во таа ситуација, ние остануваме целосно вклучени со цел да се најде решение што ќе биде најблиско до нашата мисија, воспоставување на стабилност, раст и одржливост. Тоа ќе продолжат да бидат водечките принципи како оперираме за да и помогнеме на земјата“, изјави Лагард.
Грција се наоѓа во акутна криза, оценува Лагард, предвидувајќи дека дали Грција ќе се врати на патот кон излегување од кризата ќе биде познато до недела.
„Отсекогаш советувавме дека таа програма е на две нозе, ако сакате. Едната нога е за значајни реформи и фискална консолидација, како што советувавме и во случајот со Ирска, Португалија, Кипар, и надвор од еврозоната, Латвија и Исланд. И ова добро функционираше. Втората нога е реконструкција на долгот, што веруваме дека во случајот на Грција е потребна за да се има одржливост. Таа анализа не е променета“, вели Лагард.
Светската економија по 2015-та мора да се концентрира на порамнотежен развој, цврста макроекономска политика и вклученост и справување со климатските промени.
Меѓународниот Монетарен Фонд не сака да види ветувања туку исполнувања, ова е пораката од директорката Кристин Лагард до Грција, но и сите земји членки на ММФ.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
