Попоски во Ватикан: Одлични пријателски односи меѓу Македонија и Светата Столица
Двете земји веќе две децении негуваат односи на пријателство, взаемно разбирање и поддршка засновани врз историските, духовните и културните врски...

Одлични пријателски односи меѓу Светата Столица и Македонија. Ова е констатирано на вчерашната средба на министерот за надворешни Никола Попоски со неговиот домаќин секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер во Ватикан.
Двете земји веќе две децении негуваат односи на пријателство, взаемно разбирање и поддршка засновани врз историските, духовните и културните врски. Галагер ја поздравил улогата на Македонија во промоцијата на меѓурелигискиот дијалог како и почитувањето на верските слободи.
Засилената соработка меѓу двете земји во наредниот период ќе биде нагласена во областите на културата, црковното наследство, образованието и во здравството-било заклучено на средбата Попоски-Галагер.
