Спојувањето на ВИП и ОНЕ ќе финишира до крајот на годината
09.07.2015 15:54
Менаџментот на ВИП тврди бенефит за корисниците ќе бидат поконкурентните производи и услуги...

Во последниот квартал од годинава ќе се реализира трансакцијата за спојување меѓу двата мобилни оператори ВИП и ОНЕ. Новиот субјект ќе има 52 проценти удел и ќе стане доминантен играч на телекомуникациксиот пазар.
Менаџментот на ВИП тврди бенефит за корисниците ќе бидат поконкурентните производи и услуги. Ќе има и преклопување на работни позиции, но од компанијата тврдат ќе бидат потребни нови вработувања на клучни позиции.
Една од обврските поставени од антимонополската комисија наложува за краток период во земјава да влезе нов виртуелен оператор кој ќе се задржи на пазарот најмалку 15 години.
